Џанлука Ваки и неговата девојка Шерон Фонсека го очекуваат првото дете.
52-годишниот италијански милионер и 25-годишниот модел со видео на Instagram споделија дека ќе станат родители. Во видеото, Џанлука прво ѝ го честита Денот на мајките на мајка си, а потоа открива дека е пресреќен што ќе стане татко.
„Пресреќен сум што објавувам и споделувам со вас дека со Шерон очекуваме дете. Таа ќе биде мајката која отсекогаш ја сонував за моето бебе“ – вели Ваки.