Актерката Синтија Никсон, позната по улогата на Миранда Хобс во хит-серијата „Сексот и градот“ изгуби во трката за кандидат за гувернер на Њујорк, пренесува АП. Таа беше поразена од актуелниот гувернер на државата, Ендру Куомо.
Куомо со тоа и оваа година ќе биде кандидат на Демократската партија за гувернер на Њујорк. Тој ги очекува резултатите за тоа кој ќе биде негов противкандидат на изборите во ноември од страна на Републиканската партија. Ако победи, тоа ќе биде негов трет мандат за гувернер.