Мишел Фајфер и Пенелопе Круз на премиера на „Убиство во ориент експрес”

Во Лондон се одржа светската премиера на филмот „Убиство во ориент експрес” („Murder On Orient Express”), адаптиран од истоимениот роман на Агата Кристи. Според светските медиуми, ова е еден од долгоочекуваните но и озборувани филмови.

Салата „Ројал Алберт“ ги собра главните ѕвезди Мишел Фајфер и Пенелопе Круз, кои се појавија во гламурозни светкави фустани, а тука беше и познатиот холивудски актер Џони Деп, кој на црвениот тепих дојде во елегантен црн смокинг.

Scroll to Top