Мишел Обама: Бракот со Барак не е совршен

Мишел Обама, поранешната прва дама на Америка, ја промовиира својата биографија која треба да се појави во продажба оваа недела. Во книгата таа открива дека како девојка имала спонтан абортус, а дека двете ќерки Малија и Саша ги родила по ин витро оплодување. Во книгата таа искрено и емотивно раскажува и за бракот со Барак Обама.

„Со Барак често одевме во советувалиште за двојки. Тоа многу ни помогна да почнеме да зборуваме за работите што ни пречат и да ги надминеме разликите. Сакам да им кажам на сите млади двојки кои имаат проблеми дека Мишел и Барак кои имаат феноменален брак и кои се сакаат, постојано работат на тоа. И секако, бараме помош секогаш кога ќе ни затреба“, рекла Мишел во интервју за „Гуд морнинг Америка“, каде што ја промовирала книгата..

Таа зборувала и за спонтаниот абортус што го имала како млада девојка.

„Се чувствував изгубено и осамено, особено откако ми се случи абортусот. Како да се изневерив себеси. Тогаш не знаев колку спонтаните абортуси се чести, оти со никој не зборував за нив“, рекла Мишел.

Таа додала дека жените молчат за овие ситуации оти мислат дека не се доволно добри.

„Многу е важно да се зборува со младите мајки за фактот дека спонтаните абортуси можат да му се случат на секому и дека тие не се виновни за тоа“, додала таа.

Scroll to Top