Мишел Обама е во депресија, за сè е крив Трамп

Сопругата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, Мишел, изјави дека страда од лесна депресија, а за тоа, меѓу другите, го обвини и актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

„Се соочувам и се борам со поблаг степен на депресија. Не само поради коронавирусот, туку и поради расните конфликти, лошиот однос кон црните луѓе, но и поради државната администрација. Секојдневно го гледам тоа лицемерство, кое ме деморализира, исцрпува и ме прави потиштена“, изјавила Обама во својот нов поткаст кога објаснила и како се бори со проблемот, пренесува „Њујорк пост“.

Њујоршкиот дневник потсетува дека поранешната прва дама на САД и нејзиниот сопруг Барак Обама и понатаму живеат во Вашингтон, три километри од Белата куќа, а во нивна близина живее и ќерката на претседателот на САД, Иванка Трамп.

Обама изјавила дека во борбата против депресијата таа се обидува да работи затоа што тоа ѝ помага да се чувствува подобро. Исто така, таа вежба, но дека имало денови за време на мерките со изолацијата спроведени поради коронавирусот кога тоа не можела да го прави и кога расположението ѝ паѓало.

„Мојот дух се подигнува кога се чувствувам здраво и кога сум опкружена со добри луѓе“, изјавила Мишел Обама и додала дека ѝ е важно да најде начин да остане поврзана со пријателите, нејзините ќерки и сопругот, за кои велат дека ѝ носат радост.

„Тоа се мали, но важни работи, тоа се моите мали ритуали“, изјавила Обама, сопругата на првиот црн претседател на САД, која во јануари наполни 57 години.

Таа додала и дека имала голем број падови и подеми во животот, кои целиот свет ги чувствува. Имало моменти во кои таа не можела да се препознае. Мишел вели дека не можела да спие, меѓу другото, и поради односот што некои од белите го имаат кон црните луѓе.

Scroll to Top