Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, проговори за тоа како луѓето едноставно одбиваат да веруваат дека таа сама ги носи одлуките и тоа доведе до гласини за можен развод од Барак Обама. Неодамнешните шпекулации на социјалните мрежи сугерираат дека бракот на поранешните претседателски сопружници е на работ на колапс. Но, Мишел има објаснување зошто почнаа тие гласини.
Мишел и Барак Обама се венчаа во 1992 година, а иако Барак неодамна зборуваше за тоа како годините поминати во Белата куќа, од 2009 до 2017 година, значително го оптоварувале нивниот брак, Мишел изјавила дека сега се чувствува послободна во донесувањето на сопствените одлуки. Иако претходно многу од своите одлуки ги засноваше на семејните обврски, сега вели дека „сите нејзини избори“ се единствено во нејзина корист.
Во интервјуто за подкастот Work in Progress, чиј водител беше актерката Софија Буш, Мишел призна дека дури откако ја напуштила позицијата прва дама, сфатила дека е време да престане да ги обвинува другите за нејзините одлуки или за неносењето одлуки. Таа претходно го наведе семејството, особено ќерките и сопругот, како причини зошто не ги носи клучните животни одлуки.
„Искрено, можев многу од овие одлуки да донесам пред години. Но, не си дадов слобода да го направам тоа”, рекла Мишел. Таа додаде дека жените често се борат со размислување за разочарување на другите, што, како што вели, ги објаснува гласините за можен развод кои почнале да кружат кога луѓето почнале да забележуваат дека таа сама ги носи одлуките.
„Тие сигурно претпоставуваа дека мојот сопруг и јас се разведуваме“, додаде таа. „Една возрасна жена не може само да донесе одлука за себе, нели?“ Мишел истакна дека општеството често наметнува стереотипи кои ги тераат луѓето да се прашуваат кои се и што прават, а кога не ги исполнуваат очекувањата, тоа обично се означува како негативно.
Таа оваа изјава ја даде откако Барак Обама во разговор со претседателот на универзитетот Стивен Тепер се осврна и на нивниот брак, особено по напуштањето на Белата куќа. Барак признал дека „бил во голема неповолна положба“ во однос на Мишел и дека „се обидува да се извлече од тој проблем со заеднички активности и забава“.
Обама, исто така, отворено призна дека неговите два претседателски мандати дополнително ја искомплицирале нивната врска. Исто така, парот често истакнува дека со години работат на својата врска и покрај сите предизвици низ кои поминале.