Мишел Обама се разголе на Мајорка

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, и по заминувањето од Белата куќа сè уште го привлекува вниманието на медиумите и јавноста. Мишел деновиве ужива во убавините на Мајорка. Всушност, со Обама се во посета на долгогодишните пријатели, амбасадорот на САД Џејмс Костос и неговиот партнер Мајкл Смит, во чие друштво уживаат во убавините на Шпанија.

Она што го сврте вниманието е стајлингот на Мишел. Со оглед на тоа дека јавноста не е навикната многу да ја гледа во опуштени летни изданија, ова беше вистинско изненадување.

На јахтата на нивните пријатели, Мишел се појави во краток топ на прерамки, комбинирајќи го со макси здолниште со висок струк и длабоки шлицеви од страните.

Scroll to Top