Мишел Вилијамс од „Дестинис чајлд“ се лекува од депресија

By

Американската пејачка Мишел Вилијамс, која членуваше во бендот „Дестинис чајлд“ заедно со Бијонсе и Кели Роланд, се лекува од депресија. Пејачката сама се пријавила на лекување во приватна психијатриска клиника близу Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми.

Мишел и претходно не криеше дека има проблеми со менталното здравје.

„Со години се залагам за тоа да се крене свеста за менталното здравје и да се охрабрат луѓето да препознаат кога да побараат помош, поддршка и поттик од тие што ги сакаат и се грижат за нив. Сега, горда и среќна, можам да кажам дека ќе продолжам да бидам пример и неуморно ќе се борам за помош на оние на кои им е потребна“, напиша Вилијамс на својот инстаграм-профил пред да замине на лекување.

Ќе ви се допадне