Миси Елиот е првата раперка со докторат на „Беркли“

Миси Елиот е првата раперка што го одбрани својот почесен докторат по музика на престижниот колеџ „Беркли“ во Бостон. Десеткратната добитничка на „Греми“ одржа говор пред дипломираните студенти и им рече дека во животот дури сега ќе почнат да им се случуваат подеми и падови за кои треба да се подготват.

Откако ги опиша сопствените подеми и падови, таа ги поттикна студентите да бидат трпеливи за време на борбата, но никогаш да не се откажат од себе.

„Сè додека дишете, никогаш не е предоцна. Не заборавајте го тоа. Дојдовте премногу далеку за да се откажете“, рекла таа.

Миси Елиот доби диплома заедно со Џастин Тимберлејк и реномираниот бродвејски оркестратор Алекс Лакамоир. Претходни уметници кои добиле признание од „Беркли“ се и Б.Б. Кинг, Смоки Робинсон, Арета Френклин и Лорета Лин.

 

Scroll to Top