Мислев Шери ќе ме одбие кога ја побарав за жена: Ед Ширан првпат раскажа за љубовта со сопругата

Светската ѕвезда Ед Ширан, кој во 2018 година се ожени со својата девојка Шери Сиборн, првпат во интервју раскажа за нивната љубовна приказна. Тој ја побарал Шери за жена во 2017 година, но таа на почетокот мислела дека Ед се шегува.

„Клекнав на колено и ѝ реков: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’, а таа ми одговори: ‘Дали се шегуваш?’ По ова настана долга тишина, не знаев што да правам, мислев дека ќе ме одбие, па ѝ реков: ‘Те молам’. Дури тогаш сфати дека сум сериозен и прифати,“ рекол Ширан во интервјуто.

Ед и Шери се венчаа тајно една година подоцна. Популарниот музичар не зборува за својот приватен живот во јавноста, па фановите дознаа дека се оженил неколку месеци по свадбата. Лани во август тие ја добија ќерката Лира.

 

Scroll to Top