Модата на црвениот тепих на наградите на Ем-ти-ви

Во Калифорнија се одржа годинашното издание на доделување на музичките награди за најдобро видео на Ем-ти-ви. Домаќин на вечерта беше пејачката Кети Пери, која на сцената се појави во неколку комбинации. Највпечатлива беше асиметричната комбинација од Стефани Роланд. Кендрик Ламар освои шест награди од 15, и тоа за видеото за песната Humble. Меѓу наградените беа и Ед Ширан, Fifth Harmony, Зејн Малик и Тејлор Свифт, која промовира и ново видео.

На доделувањето на наградите на Ем-ти-ви меѓу најдобро облечените беа Александра Амбросио, која се појави во малку футуристичка комбинација. Одлично изгледаше и Јара Шахиди, чиј избор беше креација од брендот „Цимерман“.

Сепак, една од фаворитите на модните стручњаци е Парис Џексон. Ќерката на поп-кралот Мајкл Џексон се појави во комбинација од модната куќа „Диор“, што е во склад со нејзиниот стил. И Мили Боби Браун е една од најдобро облечените според светските модни магазини, која носеше фустан од брендот „Родарте“. Ники Минаж остана доследна на својот ПВЦ-изглед. На црвениот тепих продефилираа речиси сите познати музички ѕвезди.

Scroll to Top