Модел од Индија е копија на Ријана

Рене Кујур, топ-модел во индиската држава Чатисгар, е копија на светската ѕвезда Ријана. Нејзината боја на кожата е иста како на Ријана, а и позира исто како пејачката од Барбадос.

Во едно скорешно интервју Рене рекла дека на почетокот на кариерата се чувствувала деградирано и несигурно, но во оној момент кога почнале да ја споредуваат со Ријана, вратите на модната индустрија ѝ се отвориле.

„Фотографите често им велат на клиентите дека сум двојничка на Ријана. На тој начин им е полесно да договорат бизнис. Никој не може да каже ‘не’ на убавината на Ријана, што е во моја корист. Секој што некогаш ме нарекуваше неатрактивна манекенка, мора да го повлече својот збор“, рекла Рене.

„Благодарна ѝ сум на Ријана што е еден од симболите за убавина и сексапил на денешницата. На тој начин и мене ми ја подигна цената. Денес сите ја сметаат за убавица по која светот полуде. Ако личам на неа, како може да не сум атрактивна?“, додала таа.

Scroll to Top