Модел со „плус сајз“ величина на насловната на „Плејбој“

Во своето последно издание магазинот „Плејбој“ објави фото-сесија со „плус сајз“ моделот Моли Констејбл, покажувајќи дека сексaпилноста не познава граници.

Освен што е прв ваков модел кој се појавил во „Плејбој“, Констејбл притоа не беше ниту нашминкана.

„Тежината не е важна. Важно е како се однесуваш кон други луѓе и како се чувствуваш однатре. Со моја тежина, мислев дека не е можно да бидам модел, но забележувам дека стандардите на убавина полека се менуваат во модната индустрија“, вели Констејбл.

Во 2017 година таа ја делеше модната писта со најпознатиот „плус сајз“ модел Ешли Грем, а неодмнa беше и на страниците на списанијата „Харперс базар“ и „Лав“.

На „Инстаграм“ има над 24.000 следбеници.

Пред еден месец, првпат во својата историја, „Плејбој“, стави трансродова жена на својата насловна страница.

Scroll to Top