Некогашната светска ѕвезда и поп-пејачка Бритни Спирс редовно вежба, води здрав живот и се има ослободено од сите пороци. Сепак тешко е да не се забележи нејзиниот необичен избор на облека, сметаат модните критичари.
Пејачката обожава да носи прекратки фустани. Освен што изгледа поприлично невкусно, фустаните не и стојат баш најдобро, сметаат модните критичари.
Во прекратката облека нејзиното тело често изгледа поприлично непропорционално и се чини многу попониско отколку што навистина е. Бритни Спирс е висока е 163 сантиметри.
Поради тоа многумина се прашуваат, зошто Бритни, која заработува милиони, нема стилист кој може да ја советува да внимава на должината на својата облека.
Бритни Спирс врвот на војата кариера го доживеа на крајот на 90-те години и почетокот на новиот милениум. Беше идол на секоја тинејџерка и сите ги пееја нејзините хитови. Во кариерата има продадено голем број на албуми и песни и заслужено го носи статусот на поп-принцеза, која го носи до ден денес.
Бритни е мајка на двајца синови и зад себе има два пропаднати брака. Во 2007 година доживеа нервевн слом, а јавноста беше шокирана од потегот кога пејачката си ја избричила главата. Сепак на крајот Бритни повторно застана на нозе.
Иако не е популарна како во минатото, Бритни сепак продолжува со турнејата под името „Piece of Мe Тоur“.