Третото продолжение на филмот „Мојата голема дебела свадба 3“ веќе почна да се снима во Грција, информира „Детлајн“.
Продолжението ќе се фокусира на Парис, ќерката на Тула и Јан, која ќе се мажи во Грција.
Парис во „Мојата голема дебела грчка свадба 2“ доби покана од љубовта на својот живот Бенет да му биде партнерка на матура. Сепак, не е потврдено дали Парис ќе се омажи за Бенет.
Главната актерка во филмот, Нија Вардалос, за третото продолжение на филмот ги информира фановите преку видео на „Инстаграм“, снимено од нејзиниот хотел во Атина.
View this post on Instagram