Момците од „Бекстрит бојс“ се преправија во девојките од „Спајс грлс“

Генерациите што пораснаа во деведесеттите години фанатично ги слушаа двете групи кои тогаш беа меѓу најпопуларните – „Бекстрит бојс“, групата што беше составена од мажи, и „Спајс грлс“, која беше составена од жени.

Во јавноста имаше шпекулации за повторно собирање на групата „Спајс грлс“, а фановите со нетрпение очекуваат повторно да ги видат заедно на сцената, но до тоа сè уште не дојде.

Момците од групата „Бекстрит бојс“ одлучија да направат едно изненадување за своите љубители на музиката од деведесетитте, па се преправија во „спајсици“ и приредија спектакуларен настап.

Го изведоа големиот хит од групата на „Спајс грлс“ – Spice Up Your Life.

Scroll to Top