Моника Белучи, една од најубавите жени на светот, се појави на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија со своето ново момче, познатиот режисер Тим Бартон. 59-годишната италијанска актерка и 66-годишниот режисер разменија нежности и се држеа за раце пред фотографите и публиката, а во еден момент таа го бакна во образ.
Актерката се појави во црно боди од тантела и темно кафеава јакна и широки панталони. Бартон одговараше на нејзиниот моден стил и избра темен костум и темна кошула, со црна капа и очила за сонце на главата.
Парот се запозна пред 16 години, а врската официјално ја потврдија во октомври минатата година, кога се појавија на Римскиот филмски фестивал фатени за рака.
„Прво, мило ми е што го запознав овој човек. Тоа е една од оние средби што ретко се случуваат во животот. Го познавам како маж, го сакам, а сега ќе се сретнам и со режисерот, и започнува друга авантура.
Во меѓувреме, Моника, која ќе го прослави својот 60-ти роденден на 30 септември, глуми во новото продолжение на Бартон, заедно со Џена Ортега, Мајкл Китон и Винона Рајдер.