Моника Левински стана од интервју откако ја прашаа за сексот со Клинтон

И по 20 години од секс-аферата на Моника Левински и поранешниот преседател Бил Клинтон, јавноста сè уште ја интересира нивната врска. Неодaмна, Левински го прекина интервјуто на телевизија во Израел откако водителката поставила прашање за Клинтон. Таа и по две децении откако излезе во јавност една од најголемите секс-афери во историјата на сака да зборува за Клинтон.

Левински гостуваше во емисијата во живо, а водителката ја праша дали очекува Бил Клинтон лично да ѝ се извини. „Извинете, не можам јас да го правам ова”, рекла Левински и го напуштил студиото.

Бил Клинтон неодамна изјави дека не ѝ должи никакво извинување на Моника, а изгледа дека нивната афера и по 20 години не престанува да ја интересира јавноста. Да се потсетиме, во 1998 година се дозна дека американскиот претседател Бил Клинтон беше во интимна врска со тогаш 22-годишната секретарка Моника Левински. Левински јавно им се извини на сите членови на семејството Клинтон, а аферата ја обележа за цел живот.

Денес Левински е активистка која се занимава со проблемот на злоупотреба по пат на интернет.

Scroll to Top