Мораа самите да научат да возат и да си ги местат креветите, Мишел откри како со Барак Обама ги воспитале ќерките

Поранешната прва дама на САД Мишел Обама зборуваше за нејзините две ќерки Малиа и Саша, за тоа како тие веќе се пораснати и подготвени за самостоен живот. Таа рече дека тие се прекрасни две млади дама и додаде дека ѝ било убаво кога биле заедно за време на пандемија.

Мишел рече дка пред да ја напуштат Белата куќа со Барак во 2017 година, ги подготвувале ќерките за живот надвор од претседателскиот.

„Ја слушав кога мајка ми ме воспитуваше мене и кога ми рече да не растам бебе, туку луѓе кои ќе бидат подготвени за надвор во светот. Тоа го имав на ум кога ги воспитував ќерките“, рече Мишел и додаде дека тие морале самите да научат да си ги средуваат креветите и да возат“.

 

Scroll to Top