Морган Фриман тврди дека Русите ја почнале војната со САД и дека Путин е шпион

Американскиот актер Морган Фриман сними пропагандно видео за Комитетот за истрага за наводното руско мешање во претседателските избори во САД.

Ние сме нападнати. Ние сме во војна. Поранешниот шпион на КГБ е бесен поради пропаста на својата татковина и го подготви начинот за одмазда. Користејќи ја предноста на хаотичната состојба, тој си направи пат низ хиерархискиот систем на постсоветска Русија и стана претседател. Воспостави авторитативен режим и постави цел на својот најголем непријател, САД“, вели Фриман.

Во продолжение на текстот се наведува дека како што е вистина дека Путин бил шпион на КГБ, така е вистина дека тајно користел и сајбер-оружје и ја напаѓа демократијата. Тој исто така го нарече Путин заколнат непријател на САД.

„Тој шпион е Владимир Путин и ова не е филмско сценарио. Неопходно е нашиот претседател да ја соопшти вистината“, наведе Фриман и потоа го прочита текстот, кој, според него, Трамп би требало да им го соопшти на Американците.

Неговиот говор го следат архивски сцени од конфликтот на масата и специјалците за време на постсоветска Русија, која потоа го менува кадарот на кој е прикажан рускиот лидер Владимир Путин.

Актерот ја обвинува Русија за сајбер-напад на демократската држава и за ширење пропаганда, а потоа го повика претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја каже вистината и да им се обрати на Американците по повод руското мешање во изборите во САД.

Инаку, како членови на експертскиот совет, на интернет-страницата на оваа организација се наведени режисерот Роб Рејнер, поранешниот шеф за Национална известувачка служба, Џејмс Клепер, научниот соработник на Советот за меѓународни односи, Макс Бут, и политикологот Норм Орнштејн и Чарлс Сајкс.

Гледајте го видеото:

Scroll to Top