Можам да ѝ се јавам во кое било време и преспиваме една кај друга: Ева Лонгорија за пријателството со Викторија Бекам

Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ Ева Лонгорија е добра пријателка со познатата модна дизајнерка Викторија Бекам. Таа зборуваше за нивното долгогодишно пријателство во интервју за магазинот „Тајмс“.

„Би сакала луѓето да знаат колку е смешна, шармантна и паметна Викторија. Мислам дека таа е нормално интровертна, но не е со мене. Неразделни сме“ изјави Лонгорија.

Тие две се запознале преку поранешниот сопруг на актерката, францускиот кошаркар Тони Паркер, кој бил добар пријател со сопругот на Викторија, Дејвид Бекам. Двојката се забавуваше додека Бекамови живееја во Лос Анџелес, а пријателството со славните продолжи дури и откако актерката се раздели од Паркер во 2013 година.

„Таа е многу лојална. Нема момент кога не можам да ѝ се јавам ако ми треба нешто. Обично сме во викендичката на Викторија. Можеме да разговараме цела ноќ и често преспиваме една кај друга“, додала Лонгорија.

Инаку, Ева е кума на ќерката на Бекам, Харпер, а Викторија често и дава модни совети. Викторија е одговорна за венчаницата на актерката, која таа ја носеше кога се омажи за нејзиниот сопруг Хозе Бастон во 2016 година.

Scroll to Top