Може да се венчаме и за еден месец: Роналдо за љубовта со Георгина во документарецот на „Нетфликс“

Кристијано Роналдо во новиот документарец за Георгина „Јас сум Георгина“ отворено зборуваше за нивната венчавка. Тој рече дека е заљубен во неа и дека сигурно еден ден ќе се венчаат.

„Секогаш ѝ зборувам дека ќе се венчаме кога ќе се случи тој клик, како и за сè друго во нашите животи и таа знае на што мислам. Може да се венчаме за година дена, за шест месеци или за еден месец. Но, 1000 посто сум сигурен дека тоа ќе се случи еден ден“, рече Роналдо.

Тој објасни дека со Георгина не се оптеретуваат премногу околу венчавката, затоа што и двајцата знаат дека таа ќе се случи. Во документарецот Георгина ја раскажува и нејзината животна приказна и рече дека ѝ било тешко да се навикне на луксузниот живот.

Двајцата во моментов се на одмор во Дубаи, каде Георгина го прослави 28 роденден. Роналдо ја изненади со оригинален подарок и осветлувајќи ја највисоката зграда на светот Бурџ Калифа со нејзиниот лик.

За потсетување тие се запознаа во 2016 година, а неодамна открија дека ќе добијат близнаци. Тие веќе ги имаат ќерката Алан Мартин, Кристијано Јуниор, и близнаците Ева и Матео.

 

Scroll to Top