Мрачниот живот на Лана дел Реј: од тинејџерка се бори со порок, а дечковци бара на интернет

Пејачката Лана дел Реј е позната по нејзините контроверзни текстови и видеа. Но, малкумина знаат дека таа е ќерка на милионерот и инвеститор Роб Грант.

Познатата пејачка, по средното училиште, се запишала на метафизика на Универзитетот „Фордам“ во Бронкс бидејќи сакала да најде врска меѓу религијата и науката, но не го завршила бидејќи не ѝ одела математика.

Лана дел Реј на млада возраст почнала да пишува текстови и песни кои што ги изведувала во ноќните клубови во Њујорк. Во 2010 година го издава својот прв студиски албум Lana Del Rey за независна издавачка куќа. Албумот набргу е повлечен од продажба од необјаснети причини, а таа никогаш јавно не проговори за тоа.

И покрај нејзиното богатство, семејството на Лана дел Реј живеело во приколка бидејќи тоа многу му се допаѓало на татко ѝ. Нејзините родители се селеле неколкупати, но Њујорк бил нивната база.

Таа во интервју за еден странски магазин изјавила дека е зависна од алкохол, па на 14 години првпат била на рехабилитација. Кога завршила училиште и се соочила со својот проблем, Лана дел Реј се вратила во Њујорк и се запишала на универзитет.

Сепак, таа повеќе сакала да пее отколку да учи. Настапувала во кафулиња и ресторани, каде што ги пеела своите песни и така полека почнало нејзиното искачување.

Во 2020 година пејачката се сврши со пејачот Шон Ларкин кого го запознала преку апликација за запознавање, а папараците ја снимиле на улиците на Лос Анџелес истата година кога до израз дошол нејзиниот огромен свршенички прстен. Лана тогаш извесно време не се појавуваше во јавноста, а во последно време често може да ја снимаат папараците за време на прошетки и секојдневни активности.

Многу се пишуваше за нејзината физичка промена. Поради вишокот килограми, наиде на негативни коментари, со оглед на тоа дека секогаш имала исклучително вита линија, па тоа претставувше огромна промена во нејзиниот имиџ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Del Rey (@lanadelreybr)

Покрај тоа, за Лана веќе долго време се вели дека е искривена од операции, а промените се највидливи на нејзиниот нос. Странските медиуми јавуваат дека Лана немала операции само на носот, туку имала низа интервенции на лицето, на устата, на јаболкцата, има ботокс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Del Rey (@lanadelreybr)

Scroll to Top