На 101 година Кирк Даглас вежба секојдневно

Холивудската легенда, Кирк Даглас на 101 година и понатаму вежба секојдневно со неговиот личен тренер, открил неговиот син Мајкл Даглас во едно телевизиско интервју во Лондон.

„Тоа го прави за телото му биде здраво, а зглобовите подвижни. Тато и понатаму има тренер. На 101 година тој вежба со тренер. Секој ден“, рекол 73-годишниот Мајкл.

Во интервјуто Мајкл додал дека Кирк обожава видео-разговори, па кога Мајкл оди во ресторан, парк, спортски натпревар или на патување, на татко му секогаш му ја покажува просторијата и лицата во неа, или пак погледот низ прозорецот.

Иако одамна не глуми, Кирк Даглас на почетокот на годината беше презентер на доделувањето на наградите „Златен глобус“.

Scroll to Top