На 22 години имала нервен слом, денес живее помирно – искрената исповед на Кира Најтли

Британската актерка Кира Најтли откри дека по успехот на само 17 години со филмот Пиратите од Карибите се соочила со посттрауматско стресно нарушување.

Најтли раскажала дека ненадејната слава ѝ донела огромен психички притисок, а на 22 години доживеала нервен слом и направила пауза од глумата. Денес, на 40 години, ужива во „помирно ниво на слава“ и признава дека никогаш не го погледнала третиот дел од франшизата.

Интересно, некои од своите најпознати филмови, како Love Actually, ги гледала само еднаш — на премиерата пред повеќе од две децении.

Scroll to Top