На 53 години Моника Белучи е дефиниција за сексапил

By

На 30 септември италијанската актерка Моника Белучи наполни 53 години. И денес обожавателите се сеќаваат на нејзината изјава пред неколку години, кога направи компарација помеѓу младоста и она што е денес:

„Кога наполнив 50 сфатив дека не сакам да се вратам во времето кога имав 20 години. Во 40те години станав борец, а ова се години кога верувам дека ќе се препородам“, рече Белучи во 2015 година, на премиерата на Бонд филмот „Спектра“.

Не ги сака појавувањата на црвениот килим, но најмногу го мрази црвениот килим на фестивалот во Кан.

„Не вежбам, не трчам, сакам да јадам многу. Накусо – мрзлива сум. И од тоа не бегам“, изјави сексапилната актерка кога се разведе од актерот Винсент Касел, со кого има две ќерки, Дева и Леони.

Нејзината кариера ја обележаа бројни улоги, но највпечатлива е улогата во филмот „Малена“, со која го привлече вниманието на целиот свет.

Списанијата ширум светот честопати ја прогласуваа за најубава и најсексапилна жена на планетата, но таа вели дека ‘убавината и сексапилот се хендикеп ако си глупав’.

 

Никогаш не се срамела од своето тело, па минатата година долго време се зборуваше за секс сцената помеѓу неа и шпанскиот актер Гаел Гарсија Бернал, во серијата „Моцар во џунглата“.

 

Ќе ви се допадне