На Хари му е одземена воената титула

На сопругот на Меган Маркл, Хари, му е одземена воената титула, пишува британски „Мирор“. Тој повеќе не смее да носи униформа како капетан на Кралската морнарица, почесен капетан на Кралското воено воздухопловство и почесен генерал на Кралската морнарица.

Тој е присилен да се одрече од церемонијалните улоги во британската војска, нешто што порано велел дека го доживува многу емотивно.

„Од сите титули и општи привилегии од кои морал да се одрече по службеното заминување од кралското семејство, најмногу го деморализира одземањето на почесните воени именувања, кои му беа доделени како член на кралското семејство“, пишува во биографијата „Пронаоѓањето на слободата“.

Тој повеќе не смее да носи униформа и како капетан на кралските маринци, а како пензиониран војник секогаш ќе може да ги носи своите медали. Хари во 2015 година, по напуштањето на војската, вети дека ќе ги одржува врските со војниците.

„Додека бев во војска, не бев принц, бев само Хари“, изјавил тој во едно од своите итенрвјуа, па многумина негови другари сметаат и дека не е чудно што одземањето на воените титули е нешто што силно го погодило.

По откажувањето од кралските должности, Хари и Меган продолжија самостојно да се финансираат. Неодамна тие потпишаа договор со „Нетфликс“, вреден 150 милиони долари.

Двојката основа и продуцентска компанија, а ќе се занимава со производство на документарци, филмови, телевизиски содржини и детски програми.

 

Scroll to Top