На Хари не му се допаѓа изразот Мегзит, рече дека потикнувал омраза кон Меган

Хари на панелот The Internet Lie Machine кој го организираше американското списание за технологија и култура Wired, зборуваше за говорот на омраза кон неговата сопруга Меган.

Тој рече дека изразот Мегзит, кој од обичен збор на интернет стигнал до мејнстрим медиумите, не претставувал ништо друго туку само поттикнувал омраза кон Меган.

„Можеби луѓето тоа го знаат, а можеби и не го знаат, но, изразот „Мегзит“ беше и е мизогинистички израз и го создаде трол, засилен од страна на кралските дописници, дојде и до мејнстрим медиумите“, рече Хари.

Тој со Меган се пресели во Калифорнија минатата година за да бидат независни и да имаат приватен живот. Хари рече дека исто така се преселиле поради расистичкиот третман на британските таблоиди кон неговата сопруга, чија мајка има темна кожа.

Истражувањето кое било направено во октомври, го објави аналитичката служба на социјалните медиуми Bot Sentinel. Таа идентификувала 83 твитер налози, за кои тврди дека се одговорни за 70 % на содржини со омраза и дезинформации насочени кон Хари и Меган.

„Можеби најмногу вознемирувачки во целата оваа работа е бројот на британските новинари кои ширеа лаги за нас, а истите ги прикажуваа како вистина“, рече Хари.

Сега со Меган тој води кампања против негативностите на социјалните мрежи, за која велат дека влијае на менталното здравје на луѓето, пренесува „Ројтерс“.

Тој се осврна и на трагедијата која ја задеси неговата мајка, принцезата Дајана, која загина во сообраќајка додека папараците ја бркаа.

„Ја изгубив мајка ми поради ваква самопроизведен бес. Не сакам да ја изгубам и мајката на моите деца за истата работа“, рече Хари.

 

 

Scroll to Top