„На интернет открив дека мојот сопруг има дете“, Серена Вилијамс искрено за почетоците со Алексис Оханијан

Тенисерката Серена Вилијамс преку интернет открила дека нејзиниот сопруг Алексис Оханијан има дете од претходниот брак. Се изненадила кога открила на „Гугл“ информации за неговиот живот во минатото.

„Бевме само шест месеци во врска и знаев многу малку за него. Преку „Гугл“, открив дека тој има дете од минатиот брак. Бев шокирана“, открива Серена во едно од своите последни интервјуа за спортски магазин.

Оханијан е познат светски претприемач и коосновач на интернет страницата „Редит“. Двојката се вери на крајот на 2016 година, а ќерката Алексис Олимпија ја добија во јуни 2017 година. По два месеци двојката се венча во центарот за современа уметност во Њу Орлеанс. За венчавката потрошија околу 10 милиони евра. Меѓу гостите беа актерката Ева Лонгорија, пејачката Бијонсе, Ана Винтор, Ким Кардашијан и многу други познати светски ѕвезди.

„Јас сум спортистка, а тој е деловен тип. Јас сум Афроамериканка, а тој е белец. Целосно сме спротивни, но мислам дека се надополнуваме. Напорната работа ни помага да се разбереме на различни начини“, вели Вилијамс.

Бојата не им претставува никаков проблем и двајцата немаат никакви предрасуди.

„Никогаш претходно не мислев дека ќе се омажам за белец, но тоа само покажува дека вистинската љубов не познава боја ниту предрасуди. Едноставно љубовта е таква. Се случува моментално“, вели Влијамс.

Тенисот е нејзиниот живот и Серена го обожава овој спорт. Таа планира да се занимава со тенисот до крајот на животот.

 

 

Scroll to Top