Брукс Надер, модел на „Спортс илустрејтед“ и жена што ја нарекуваат „кралица на бикините“, доживеа незгода на доделувањето на наградите „ЕСПИ“ во Лос Анџелес.
Додека позираше на црвениот тепих, нејзиниот фустан со длабоко деколте малку избега и откри повеќе отколку што требаше пред фотографите.
Брукс не изгледаше премногу загрижена за тоа, па продолжи да позира без никакви грижи.
Брукс Надер е родена е на 7 февруари 1996 година. Уште од рана возраст покажа интерес за мода и гламур, но дури откако се пресели во Њујорк успеа да направи сериозен пробив во индустријата.
Нејзината кариера доби на интензитет откако победи на натпреварот „Sports Illustrated Swimsuit’s Model Search“ во 2019 година, со што се најде на насловната страница на познатото списание, кое ги лансираше кариерите на многу модели пред неа. На крајот го доби прекарот „кралица на бикини“.
Брукс е во брак со инвестицискиот банкар Били Хејр, со кого живее во Њујорк.