На никој не му е јасно зошто Меланија носи очила за сонце навечер

При враќањето од Лас Вегас, каде беше во посета на преживеаните од масовното пукање, првата дама Меланија Трамп излезе од хеликоптерот „Marine One“ и понатаму носејќи ги очилата за сонце, иако беше ноќе.

Меланија претходно беше критикувана поради изборот на својата облека, додека го посети местото погодено од разорни урагани. Неа тогаш ја искритикуваа поради одлуката да носи штикли во текот на обиколката на местото на погодени од природната катастрофа, на Флорида и во Тексас. Многумина тогаш рекле дека изборот на облека не и бил усогласен.

Во средата, првата дама, и американскиот претседател Доналд Трамп, се враќаа од Невада во Вашингтон, и поради некои причини, Меланија и понатаму ги носеше своите очила за сонце.

Но, ова не е и прв пат. Истото го направи и во вторникот вечерта кога се враќала од Порторико. Како и на 29 август кога заедно со сопругот се враќала од Тексас.

 

Дури и кога се вратила од „работниот одмор“, од Њу Џерси во август, исто беше мрак, но таа ги носеше очилата.

Поединци застанаа зад Меланија и нејзината одлука, правдајќи се со тоа дека очилата ги носи поради блицевите од фотоапаратите, но и дека едноставно е срамежлива. Други пак, дека тоа била „празна приказна“, затоа што првата дама била модел.

 

Првата дама и претходно беше на мета на критиките поради носењето на очилата во текот на оддавањето на почесто на Националните гробишта Арлингтон, каде беа погребани ветераните од американските војни.

Погледнете го видеото:

 

Scroll to Top