На Оливија Њутн-Џон по трет пат и открија рак

Ѕвездата од мјузиклот „Брилијантин“ Оливија Њутн-Џон по третпат ќе се лекува од рак на градите. Наводно, повторно и бил дијагностициран, пипуваат светските медиуми.

Австралиската глумица која е веќе на прагот од осмата деценија од животот изјави во интервју за австралискиот „Канал 7“ дека одбива болеста да ја нарекува „битка со ракот“.

„Наместо ‘извојување битка’, претпочитам да го викам тоа ‘повторна победа’. Битката потсетува на бесот кои многу и не ни се допаѓа.  Јас повторно ќе извојувам победа“, изјави таа.

На четирикратната добитничка на Греми, првпат ракот и беше дијагностициран во 1992 година, а по ремисијата, таа повторно беше дијагностицирана во 2013 година.

Scroll to Top