На Парис Хилтон ѝ украле пари и фотографии на кои е гола

Според написите на TMZ, богатата наследничка Парис Хилтон била цел на хакерски напад, при што ѝ биле украдени пари и фотографии на кои е разголена.

Хакерката со име Paytsar Bkhchadzhyan била активна помеѓу 2015 и 2017 година, а освен од богатата наследничка, крадела од уште две лица.

Судејќи според документите што на увид ги има таблоидот TMZ, Paytsar ги хакирала банкарските сметки на Хилтон и ја користела нејзината кредитна картичка за резервација на новогодишната забава на крајот од 2015 година во холивудскиот хотел Roosevelt.

Од ФБИ известуваат дека само таа вечер Paytsar Bkhchadzhyan потрошила 40.000 долари, а се наведува дека онлајн се претставувала како Парис и од нејзиниот асистент барала 80.000 долари.

Го хакирала и таткото на Парис, Рик Хилтон, но и сестрата Ники, во обид да обезбеди лозинки од другите сметки.

Хакерката беше уапсена во 2017 година и ја призна вината, а денес ја чека судење. Сојузниот обвинител препорачува казна од 57 месеци затвор и обесштетување на жртвите во висина од 318.535 долари.

Scroll to Top