На поранешниот играч на Манчестер сити, Бенџамин Менди му се суди за 8 силувања

Судот во Честер, Англија, го продолжи судењето на Бенџамин Менди, поранешен играч на Манчестер сити, кој е обвинет за дури осум силувања, еден сексуален напад и еден обид за силување, кои наводно се случиле помеѓу 2018 и 2021 година.

Првата од седумте жени кои го обвинуваат фудбалерот и раскажала на полицијата како се запознала со Менди во Барселона во 2017 година. Во октомври 2018 година, според нејзината изјава, Менди ѝ се заканувала за време на ноќно излегување.

По забавата, девојката и нејзиниот пријател решиле да преноќат во спалната соба на фудбалерот, каде што имал т.н. соби за паника во кои можел да ги заклучи своите жртви. Несреќната 29-годишна девојка објаснила како Менди следното утро додека се туширала влегол во бањата и на тој начин  ѝ го нарушил приватниот простор против своја волја.

„Го почувствував неговото присуство. Не знам како, но го почувствував тоа. Бев во шок. Само сакав да земам крпа“, раскажала девојката.

Поротата составена од осум мажи и шест жени ја ислушале изјавата на девојката снимена од полицијата во која таа објаснува како фудбалерот ја спречил да излезе од бањата. За време на ситуацијата, Менди ја соблекол долната облека, ги триел интимните делови и го доближил пенисот до неа.

„Се обидов да го оттурнам, но тој продолжи да турка“, раскажала девојката.

Потоа му објаснила на судот како Менди ја турнал на креветот и се обидел да ја стави во скут додека таа се обидувала да се покрие со крпа, велејќи му да престане. Жената ѝ објаснила на полицијата дека не се сеќава како завршил инцидентот, но потоа се облекла и излегла од влезната врата од куќата да повика такси.









		
		
			
Scroll to Top