На Ријана пак ѝ се активира алармот во куќата

Повторно се активирал алармот во домот на светската музичка ѕвезда Ријана Фенти (30). Околу нејзината куќа во Лос Анџелес многу бргу се собраа голем број полицајци, а од небото патролирал полициски хеликоптер.

Службите веднаш откриле дека станува збор за техничка неисправност на алармот. Во тој момент во куќата немало никој. Ова не е првпат да се активира алармот во куќата на пејачката Ријана. Во мај годинава Едуардо Леон провалил во нејзиниот дом. Леон го онеспособил алармот и ја минал ноќта во нејзиниот кревет. Ријана тогаш била во Њујорк по повод Мет Гала. Кога Леон излегол надвор, службите морале да го совладаат со електрошокови.

Леон изјавил дека провалил зашто сакал да има секс со пејачката. На крајот бил обвинет за кривично дело провала и е пуштен од притвор со кауција од 150.000 долари.

 

Scroll to Top