Холивудскиот глумец Лиам Нисон најави дека ќе замине во пензија. Тој вели дека ќе му недостигаат акционите сцени, во кои претепува помлади од него, но дека годините веќе не му дозволуваат да продолжи да глуми во вакви жанрови.
„Годинава ќе наполнам 69. години. Има уште неколку филмови на кои работам. Се надевам дека ќе можам да ги доснимам и дека ковид ситуацијата ќе ми го дозволи тоа. Потоа заминувам во пензија“, изјавил Нисон во интервју за Entertainment Tonight.
Тој се потсетил на една од сцените кои неодамна ги снимал за еден филм во Австралија. Во тепачката со 25. годишен актер, Нисон изгубил здив.
„Кога мi кажа дека има 25. години, прво што си помислив е дека и мојот најстар син е на иста возраст како него“, открил актерот.