Сциентолошката црктва е таа што не му дозволува на Том Круз да има контакт со својата ќерка Сури, пишува Entertainment Times. Иако од самата црква ги негирале ваквите наводи, 58-годишниот глумец признал дека неговата поранешна сопруга Кејти Холмс поднела барање за развод затоа што се плашела оти црквата ќе има преголемо влијание врз нивната ќерка.
Кејти смета дека црквата ќе има преголемо влијание врз ќерка ѝ затоа што и другите две деца на Круз, Исабела и Конор, што актерот ги доби со Никол Кидман, исто така се дел од оваа црква.
Од разводот меѓу Том Круз и Кејти Холмс минаа повеќе од осум години, но во јавноста и понатаму останаа голем број неодговорени прашања. Едно од нив е и тоа зошто Том Круз така лесно крена раце од својата ќерка. Круз е цел на голем број критичари поради неговиот лош однос кон Сури. Многубројни обожаватели му забележија за тоа дека не се борел премногу на суд за неа.
За многумина, брзиот постигнат договор за старателството над Сури било изненадување. Набргу по договорот, Кејти со ќерка си се преселила во Њујорк и оттогаш таа изгубила секаков контакт со својот татко.