На филмскиот фестивал во Кан оваа недела се појавија некои од најпознатите лица во светот. Годинашниот 72. Филмски фестивал во Кан беше отворен со зомби комедијата на Џим Џармуш (66) во која глумат Бил Мареј (68), Тилда Свинтон (58), Селена Гомез (26) и Адам Драјвер (35). Филмот сатирично ги прикажува водечките авторитети во светот, и климатските промени и имиграционата политика. Свеченоста почна на 14 мај и ќе трае до 25 мај, а како и секоја година, се среќаваат најпознатите лица во светот.
За Златната палма годинава се натпреваруваат 21 филм, меѓу кои и „Dolor y Gloria“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар (69) и „Било еднаш во Холивуд” на Квентин Тарантино (56), во кој главни улоги имаат Леонардо ди Каприо (44) и Бред Пит (55).
Исто така се очекува и доаѓањето на поп-иконата Елтон Џон (72) поради биографскиот филм „Rocketman“. Победникот ќе биде избран на 25 мај од страна на деветчлено жири, предводено од мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Ињариту (55).
Поп-ѕвездата Селена Гомез, сега како актерка, во бел костим од Луј Витон, беше меѓу првите што се појавија на црвениот килим, а ѝ се придружи и Тилда Свинтон (58) во импресивен сребрен фустан.
Ева Лонгорија (44), ѕвездата на „Домаќинки“, изгледаше неверојатно во розов сатенски фустан на Алберта Ферети со длабоко деколте и висок прорез на долниот дел.