„Миењето чинии по вечерата ме прави секси во очите на сопругата“, изјавил во едно скорешно интервју Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и основач на „Амазон“. Тој рекол дека работењето дома го опушта, а дека најмногу сака да мие чинии. Во интервјуто тој открил дека верува во квалитетниот сон, па наутро се буди кога ќе се наспие, без да го навива алармот.
Денот го почнува со здрав појадок, а секое утро појадува со сопругата, Мекензи Безос. Поради сопругата и нивните 4 деца никогаш не закажува состаноци во утринските часови – тој период од денот го поминува со семејството.
Безос е најбогатиот човек во историјата. Неговото богатство се проценува на 166 милијарди долари. Освен „Амазон“ тој ги поседува и „Вашингтон пост“ и „Блу ориџин“.