Најдобриот „EXIT“ досега – Фестивалот на самиот светски врв!

By
Лиам Галагер: „Публиката беше библиска“; Роисин Марфи: „Сништата навистина се остваруваат!“Впечатоците после Екзит, секоја година се прераскажуваат преку целото лето, а како ова издание донесе разни оновации на листа на изведувачи, кои светските медиуми ги нарекоа „блокбастер хедлајнери“, позитивните реакции од набиените силни емоции, ги има повеќе од било кога претходно.

Социјалните мрежи се преоптоварени од EXIT, за што говори и податокот дека официјалната фејсбук страница на фестивалот, беше следена од рекордни осум милиони луѓе ширум целиот свет! Освен што беше најпосетен со 215.000 луѓе кои минаа низ фестивалската капија, многумина наведуваат во своите коментари и пораки, но и низ личните постови во кои го тагираат EXIT, дека се работи за најдобриот фестивал досега!

И ѕвездите на EXIT куќата понесе еден грст на емоции од Петроварадинската тврдина, воодушевени од доброто гостопримство и сјајната публика која со полно право, се нарекува и најстраствена на светот! EXIT Лето на љубовта, можеше да се почувствува во секое ќоше во тврдината, а секако едно од најголемите изненадувања беше Лиам Галагаер, кој е познат по оштриот јазик и твитови, кого не штедат никого, па ни најголемиот британски фестивал кој редовно го критикува.

Foto: Promo/ Exit

Легендарниот пејач на групата Оасис, и ултимативната рок икона, во Србија дојдоа ден претходно, си помина извонредно со тамошните луѓе, а потоа по исклучителниот настап на главната бина, еден од најголемите фронтмени на сите времиња, не сакаше да си замине од тврдината! Во бекстејџот се дружеше со останатите изведувачи и организаторите се до првите зраци на сонцето, а на својот Твитер налог, напиша дека „EXIT фестивалот во Нови Сад е еден од најдобрите фестивали на оваа планета“, и дека публиката беше „Библиска“.

И Килерси дојдоа тука два дена пред почетокот на фестивалот, па прво го обиколија цел Белград, од Калемегдан, па се до престолничките клубови, а подоцна во Нови Сад се приклучи и фронтменот Брендон Фловерс, кој во текот на нивниот прв концерт во Србија, на течен српски, од сцената порача: „Подобро некогаш отколку никогаш“, и додаде„Нема пак да чекате 14 години за да повторно не видите“! Килерси го одржаа историскиот концерт на тврдината, по што ветија дека мораат пак да се вратат во Србија.

Често се говори за ароганцијата на големите изведувачи, но сите пофалби можат да се упатат на сметка на миленикот на најмладите од публиката на EXIT! Во стил на вистинска ѕвезда, Џејсон Деруло, Years&Years и Хардвел, по своите настапи отидоа да се сретнат со хорда момците и девојките кои дојдоа до влезот на бекстејџ главната фестивалска бина и да ги поздрават со овации, со врисок и солзи, а изведувачите својата величина ја покажаа така што ги прегрнаа, се сликаа и ги потпишаа маиците и нивните цедиња. Хардвел дури и се запозна со волонтерката на фестивалот Јелена, додека Years&Years по настапот воодушевено ја пофалија фестивалската публика.

Foto: Promo/ Exit

Rag’n’Bone Man ги изненади сите доаѓајќи на тврдината ден порано, а на сцената на големо изненадување на сите се појави и бас ѕвездата Foreign Beggars! Членовите на неговиот тим се забавуваа цела ноќ, а најмногу им се допадна, новата, спектакуларна Dance Арена.

Долгогодишната пријателка на EXIT и една од со години најочекуваната на главната бина, Роисин Марфи, по настапот на членовите на EXIT тимот им остави многу емотивна порака испишана на долгата црвена лента која гласеше: „Го обожавам EXIT, секогаш сакам овде да се вратам. EXIT  е задоволство и за мене претставува рај меѓу облаците. Од Ирска сум Forever More, пресреќна сум овде. Роисин те сака EXIT, ми беше прекрасно, сништата ми се остварија!“.

Дека беше весело и на mts Dance Арената, потврдуваат и двајцата најголеми хаус шефови Соломун и Диксон, кои по епскиот настап илјадници луѓе од публиката го поведоа со себе на официјалната афтер-парти, која траеше до еден попладне, по што Соломон од срце му се заблагодари на Exit, велејќи дека беше неверојатно.

Foto: A. Nalbantjan

И Hot Since 82 по настапот на Арената одлучи да го помести летот и остане на афтер, поради што речиси и задоцни на својот следен настап на Ибица! Бекстејџ Арената позната и по средбите на електронските гиганти, па така, со ракија, му се приклучија Паул Калкбреннер и Бок Шејд, додека со ред, Систерс Блис, Џејми Џонс, и Робин Шулз беа воодушевени од атмосферата и останаа долго по својот настап.

Најневеројатно затварање на mts Dance Arenа и целиот Exit во историјата на фестивалот, имаше Нина Кравитц, чиј настап по реакцијата на публиката звучеше повеќе како стадионски рок спектакл, со гренетично скандирање на нејзиното име, кое го надмина и звучниот сигнал на бината, а потоа остана штама на тврдината, каде и направи интервју на врвот на трибината, преку патот со спектакуларната слика од Exit. Сибирската ѕвезда по доаѓањето во куќата кратко порача: „Каков викенд! EXIT беше најдобар начин да ја завршам сеирјата од шест настапи. Беше феноменално!“ и додаде дека вистинскиот EXIT извештај, за фановите ширум светот допрва следи.

EXIT Фондацијата собра потпишани фудбалски дресови на изведувачите!

Голема хуманитарна акција веќе со години прави EXIT фондацијата, собирајќи од најголемите ѕвезди на фестивалот потпишани маици, цедиња, инструменти, палки и други реквизити, наменети за голема глобална аукција, од кои сите приходи беа наменети за изградба на болничко крило за деца заболени од рак во Ниш. Оваа година бубњарот на Килерс донираше и свои палки, а сите љубители на фудбалот, меѓу ѕвездите изработени се фудбалски дресови, од кои еден му беше подарен, а друг, потпишан и наменет за аукцијата која ќе биде одржана на крајот од оваа година. Реакцијата на музичарите беа сјајни, а на овој начин на аукцијата се приклучи и Лиам Галагер, Џејк Буг, Паул Калкбренер, Џејми Џонс, РагБон Ман и многу други.

 

Ќе ви се допадне