Популарната старлета и наследничка на познатиот синџир хотели, Парис Хилтон (40), се омажи за бизнисменот Картер Реум (40) по речиси двегодишна врска.
Хилтон претходно најави дека на церемонијата ќе се пресоблече десет пати, а утрово на „Инстаграм“ покажа една од венчаниците.
„Моето засекогаш почнува денес! Штотуку омажена“, напиша под својата фотографија на која позира во венчалниот фустан од навезени цветови од Оскар де ла Рента и превез.
View this post on Instagram
Мултимилионската венчавка се одржа на имотот на нејзиниот починат дедо В. Барон Хилтон во Бел-Ер, Калифорнија, вреден 61,5 милион долари. Иако парот до последен момент не ја знаеше точната локација на церемонијата, откога се решија да ги откажат плановите за црква, изборот падна на имотот што неодамна беше продаден по децении во посед на семејството Хилтон.
По повод церемонијата, беше изграден огромен подиум во градината меѓу базенот и естетизираните градини, а иницијалите на Парис и Картер биле насадени во розови и бели цветови.
Венчавката во исто време беше и собир и модна парада на светски познати личности, меѓу кои: Ема Робертс, Кејд Хадсон, Бебе Реџа, Паула Абдул, Рејчел Зои со сопругот Роџер Берман.
Родителите на Парис, Кети и Рик Хилтон, пристигнаа на венчавката заедно со сестрата на Кети, Кајли Ричардс, и нејзиниот сопруг Маврицио Умански.
Парис и Картер се свршија во февруари оваа година по една година врска за време на романтичен одмор на остров на нејзиниот роденден. Нивните свадбени подготовки беа документирани во новото реално шоу на Peacock со наслов Paris in Love, кое ја имаше својата премиера токму на денот на венчавката на 11 ноември.
Ова е прв брак за реалната ѕвезда иако пред тоа беше трипати свршена.
View this post on Instagram