Најсекси фудбалери на Мундијалот во Русија

Жените од целиот свет ги избраа најсекси фудбалерите што настапуваат на Светското првенство во Русија. На листата, меѓу другите, се најдоа Кристијано Роналдо, Жерар Пике, Серхио Рамос, Матс Хамел.

Кристијано Роналдо

33-годишниот Португалец е миленик на жените ширум светот најмногу заради убаво граденото тело. Мажите, пак, го сакаат заради фудбалската вештина. Кристијано има неверојатна работна етика и води голема грижа за својата исхрана.

Серхио Рамос

Капитенот на „Реал Мадрид“, Рамос, е сон на многу жени. Тој е оженет со шпанската водителка и комичарка Пилар Рамос, со која е заедно од 2012 година. Вели, тоа била љубов на прв поглед.

Матс Хумел

Германскиот репрезентативец обожава море, па честопати објавува фотографии од хрватското приморје. Неговата сопруга 2015 година е прогласена за најубава жена на фудбалер во светот.

Алисон Бекер

25-годишниот голман на Бразил е познат по одличните рефлекси. Го нарекуваат „Меси меѓу голманите“. Брани и за „Рома“. Лани тој и сопругата Наталија добија ќерка.

Андре Силва

Португалскиот репрезентативец Силва честопати го споредуваат со Роналдо и го нарекуваат негова помлада верзија. 22-годишниот Силва, исто како и Роналдо обожава да вежба и да го покажува телото.

Жерар Пике

31-годишниот Пике години наназад е дел од листата најсекси фудбалери во светот. Шпанецот во 2010 година се запозна со колумбиската пејачка Шакира на снимањето на химната за Светското првенство во Јужна Африка. Имаат две деца, синовите Милан и Саша.

Дује Ќалета – Цар

Хрватскиот фудбал ја воодушевува машката публика со играта, а женската со својот изглед и сините очи. Обожавателките го споредуваат со холивудски актер. Фудбалерот е во врска со адвокатка од Дубровник, која е пет години постара од него.

Јан Зомер

29-годишниот швајцарски репрезентативец тренира фудбал од петтата година. Жените го обожаваат и велат дека не можат да ѝ одолеат на неговата насмевка.

Единсон Кавани

Уругваецот Кавани е одличен фудбалер. Ама, според жените ширум светот на листата се најде заради стомачните мускули, не заради играта.

Деле Али

22-годишниот Британец го привлекува вниманието на женската публика со секси изгледот. Тој неодамна дизајнираше сопствена модна линија за мажи која се продава одлично во Британија. На Инстаграм го следат 3,6 милиони луѓе, повеќето од нив жени.

 

Scroll to Top