„Најтажната принцеза“ го привлече вниманието на балот со нова фризура и необичен комбинезон

Принцезата Шарлин неодамна присуствуваше на традиционалниот бал во Монако. По тој повод таа ја покажа својата нова фризура.

Порано носеше пикси фризура, а од почетокот на годината Шарлин носи кратко боб. Сега направи и шишки. Многумина на социјалните мрежи напишаа дека принцезата изгледа фантастично и дека шишките одлично и прилегаат. Таа го привлече вниманието и со блескав комбинезон и гордо позираше со својот сопруг, принцот Алберт.

Ова се ретки фотографии на кои Шарлин е опуштена и насмеана. Одамна ја нарекуваа „најтажната принцеза на светот“ затоа што речиси никогаш не се насмевнува во јавност и изгледа тажно.

Нејзиниот брак со Алберт често се зборуваше дека е во криза, но парот продолжува да се појавува заедно во јавноста.

Scroll to Top