Најтешко е кога некој зборува за сексуален напад, а никој не му верува, рече Амбер Херд откако изгуби на суд од Џони Деп

Амбер Херд во првото интервју кое го даде по судењето со Џони Деп, за NBC News Dateline, рече дека најтешко е кога човек зборува за сексуален напад, а никој не му верува. Таа во разговорот рече дека е застрашувачко што правниот тим на Деп ја испрашувал за нејзините обвинувања против глумецот за сексуален напад.

„Најлоша и најстрашна работа за секој кој зборува за сексуално насилство е да не му се верува, да му се каже дека е лажго и да го понижуваат“, рече Херд.

Таа рече дека не зборувала за сексуалниот напад порано, затоа што не била одмаздољубива.

„Ова беше многу лош начин на одмазда. Колку и да е глупо да се каже гласно, мојата цел е само луѓето да ме гледаат како човечко суштество“, рече Амбер.

Таа тврди дека била повредена од омразата и лутината кои биле насочени кон неа поради судењето, но дека не жали што случајот завршил на суд.

За потсетување, на судењето Херд сведочеше дека Деп ја силувал со шише алкохол. Наводно нападот се случил во 2015 година во Австралија во неговата изнајмена куќа во која живеел, додека го снимал филмот „Пирати од Карибите“.

Деп на крајот ги доби сите три тужби за клевета против Херд, поради нејзиниот текст од 2018 година, во кој напишала дека доживеала семејно злоставување.

Scroll to Top