Наоми Кемпбел е модна икона на годината

Секоја година во јуни традиционално се одржува доделувањето на престижните CFDA награди, каде се избираат највлијателните луѓе од светот на модата. Оваа година, модните дизајнери од Америка одлучиja да ја наградат Наоми Кембел за модна икона на годината. Церемонијата ќе се одржи на 4 јуни.

„Вистинска чест е што жирито ме препозна за овогодинешната награда. Мојот личен стил секогаш бил под влијание на динамичната улична култура и музичката сцена. Јас сум порасната во модната индустрија и засекогаш ќе им бидам благодарна на американски модни дизајнери што ме поддржуваат во кариерата“, изјавила Наоми за медиумите.

Оваа награда претходно ја добиле и Ријана, Дејвид Боуви, Фарел Вилијамс и Кејт Мос.

 

Scroll to Top