Светската манекенка Наоми Кембел во шоуто на Енди Коен одглуми дека не знае која е Кендал Џенер, моментално најплатената манекенка во светот, пишуваат американските таблоиди. Откако Коен ја прашал Наоми што мисли за Кендал, таа рекла „Следното прашање“ и го прекинала муабетот. Наоми и Кендал беа пријателки, но не разговараат од лани откако Кендал во интервју ја навреди Наоми. Таа изјави дека не е како Кемпбел да се појавува на преку 50 ревии во текот на една година и да се слика за секој што ќе ѝ понуди соработка.
„Наоми ја обрука Кендал“, „Најпознатата светска манекенка не ја познава најпознатата инстант манекенка“ се само дел од коментарите што се појавија на „Твитер“ по интервјуто.
Во текот на интервјуто Наоми зборуваше за својата долгогодишна кариера, за пријателството со Мајкл Џексон, за љубовниот живот и за својата бременост. Таа ја пофали Каја Гербер, ќерката на нејзината пријателка Синди Крафорд која од неодамна се занимава со манекенство.
„Преслатка е. Многу сум горда на Каја. Нејзината мајка и јас ѝ помагаме да одбере која ревија ќе ја носи, бидејќи сѐ уште е многу млада и нѐ слуша за сѐ“, раскажала Наоми во шоуто на Коен.