Наоми Кемпбел во љубов со 23 години помлад музичар

Поранешниот пејач на „Уан дајрекшн“ Лијам Пaјн е новото момче на манекенката Наоми Кемпбел, пишуваат британските медиуми. Тие велат дека врската на 25-годишниот пејач и манекенката, која е 23 години постара од него, почнала пред неполн месец, а дека тие деновиве отворено флертуваат на социјалните мрежи и си разменуваат комплименти. Според таблоидите во Британија, тоа е уште еден доказ за нивната врска.

Наоми Кемпбел до неодамна беше во врска со раперот Скрипта и, според медиумите, беше бремена со негово дете. Лијам, пак, неколку години беше во врска со пејачката Шерил Кол со која го доби синот Беар. Двојката никогаш не се венча, а се разделија пред неполна година.

Scroll to Top