Наоми Вотс снима филм во Словенија

Британската глумица Наоми Вотс пристигна во Словенија, каде што периодов треба да снима филм во ски-центарот „Крвавец“, објавија словенечките медиуми.

Иако првично медиумите објавија дека пристигнала американската глумица Скарлет Јохансен, според новите податоци, тоа, всушност, била Вотс.

Еден од менаџерите на ски-центарот, Лука Вранчиќ, изјави дека се во преговори со продукциска куќа за снимање филм на странски јазик во следните 14 дена, од следната недела.

Вранчиќ додаде дека снимањето на филмот нема да пречи во работата на ски-центарот, но исто така и дека филмската екипа е виновникот за зафатеноста на сместувачките капацитети во зимското одморалиште.

Според семрежната филмска база на податоци ИМДБ, Вотс во моментот ги снима драмите „Бескрајна бура“ (Infinite Storm) и „Огнена сезона“ (Тhе Burning Season). Следни филмови каде што тaa ќе глуми се трилерот „Лејквуд“ и „Беше еднаш на Стејтен Ајленд“ (2021).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Watts (@naomiwatts)

Scroll to Top