Актерот Џорџ Клуни во едно ТВ-гостување открил дека неговите тригодишни деца зборуваат течно италијански јазик. 59-годишниот актер беше гостин во популарното ток-шоу „Џими Кимел лајф“, каде што го промовира претстојниот научнофантастичен филм на „Нетфликс“, „Полноќно небо“.
Кимел го праша Клуни: „Како е да имаш тригодишни близнаци?“, на што тој одговори. „Да, малку е лудо“. За време на интервјуто Клуни беше лежерен, опуштен и духовит. Вели: „Направивме навистина глупава работа. А тоа е што тие зборуваат течно италијански на три години, но јас не зборувам италијански и мојата сопруга не зборува италијански“, рече Џорџ и додаде: „Смешно е. Ги вооруживме со јазик. Кога ќе им кажам: Вратете се во вашата соба и исчистете ја! Тие одговараат: E, папо стронцо… а јас, што е тоа?“
Клуни рече дека самоизолцијата ја поминуваат во Лос Анџелес сите заедно и дека неговата канцеларија е претворена во детска градинка.