Нарушено здравјето на Берни Еклстоун

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун е со нарушено здравје, пишуваат британските медиуми. Еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, бил снимен од папараците низ улиците на Лондон, заедно со неговата сопруга Фабиана Флоси.

Берни го привлекол вниманието со десното око, кое не можел нормално да го отвори. Еклстоун се роди речиси слеп на тоа око, поради што целиот свој живот носел очила. Минатата година Британецот авршил на операција за симнување на диоптријата.

Еклстоун прв пат се венчал во 1952 година со Ајви Бамфорд, со која ја има и ќерката Дебора, а бил во врска и со Таун Тан, со која раскинал по 17 години врска.

Потоа се оженил со Славица Родиќ од Хрватска, со која ги има и ќерките Тамара и Петра, а на крајот на 2008 година, британскиот таблоид „Сан“, објавил дека се разведуваат.

По разводот Берни изјавил дека никогаш повеќе нема намера да се жени, но се чини дека потпретседателот за маркетинг на „Гранд При“ во Бразил, не можел да одолее.

Со Фабиана нема деца, но многумина сметаат дека нивниот брак ќе трае уште долго време.

 

Scroll to Top